Ракометарите на Пролет дојдоа до бод на гостувањето кај Бутел со ремито од 25:25, а тоа беше причина составот на Бутел да падне една позиција на табелата во Супер машката лига бидејќи Еурофарм Пелистер 2 дојде до триумф во Охрид и се најде на 3. позиција.
Од почетокот на средбата се виде дека Бутел Скопје нема да може така сигурно да влезе во натпреварот односно да дојде до победа со која ќе може да се позиционира на 3. место. Пролет имаше ракометари кои беа мотивирани, па откако домашните беа во предност со плус два неколку минути, при 5:3 дојде до 2:0 за гостите и израмнување.
Тука се влезе во период во кој никој не можеше да биде сигурен, а Пролет дојде до прво водство при 8:7 и можеше да има контрола на резултатот. Предноста беше зачувана до крајот на првиот дел, а гостите заминаа на одмор со предност од еден погодок, 12:11.
Во продолжение од натпреварот имаше интересен расплет на настаните бидејќи составот на Пролет задаваше многу грижи за домашните. Имаше тек на настаните во кои никој не можеше да биде сигурен. Пролет имаше контрола, но како се ближеше средбата кон крај така тимот на Бутел успеваше да фати приклучок. Дојде до водство од 22:20, но потоа следуваше лош период.
Домашните останаа без Мајиќ, па гостите со 3:0 стигнаа до водство, до Бутел израмни на 23:23 и се влезе во период игра гол за гол. Имаше драга во финишот, а со оглед на тоа што Бутел мораше да победи се брзаше и се грешеше. На крај беше 25:25 откако со гол од пенал домашните израмнија, а ова реми беше доволно само за 4. позиција на крајот од регуларниот дел од сезоната. Сепак, во последното коло, Еурофарм Пелистер 2 успеа да се најде позиција погоре на табелата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА