Ракометарите на Пролет на третиот подготвителен меч ја забележаа втората победа откако триумфираа над Радовиш со 35-28.
Уште од самиот почеток беше јасно дека Пролет е тимот што ќе доминира на теренот, поведувајќи со 11-4. Малото опуштање беше причина гостите за момент да се приближат и на одмор да се замине со резултат 16-13.
Сепак, второто полувреме донесе нов налет на Пролет во кој лесно се наоѓаше патот до мрежата на радовишани, па на крајот беше забележана победа од седум гола разлика (35-28).
Пролет ќе продолжи со подготвителни натпревари со гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч што е закажан за следната среда.