Тимот на Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер-лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории.
Во тој правец, беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат во Пролет од Автокоманда.
Станува збор за левиот бек Давид Младеновски (18), средниот бек Стефан Велков (17), крилата Дамјан Димитриевски (18) и Андреј Ниновски (18), како и левиот бек Алек Алексовски (19).
Според планот на Пролет тие треба да се развиваат преку младинските категории, но и да тренираат со првиот тим, во обид да се наметнат кај тренерот Лембанов кој веќе се покажа како стратег што е подготвен да даде шанса на млади и перспективни ракометари.
Со овие трансфери, Пролет уште еднаш покажува грижа за младинските категории и за иднината на македонскиот ракомет, како клуб кој секогаш акцент става на домашните играчи во тимот.