На почетокот на 2021 година почнаа трансферите на домашна сцена, а првиот трансфер оди во тренерскиот табор. Младиот тренер на Металург, Алексо Лембанов се разделува со тимот од Автокоманда. Тој си заминува од екипата, а веќе се знае и неговиот нов ангажман. Лембанов ќе се приклучи на тимот на Пролет и ќе продолжи со работа во оваа екипа.
Лембанов во последниот период работеше и во првиот тим на Металург како дел од стручниот штаб на Оливер Димитриоски, а беше и во младинските категории. Тој беше и на тренерскиот камп во Унгарија како дел од олимписката обука за млади тренери и беше единствен претставник од Македонија така што е еден од младите перспективни тренери.
Засега причините за разделбата не се соопштуваат, но се поврзуваат со финансиските проблеми што ги има клубот. Сезонава Лембанов е вториот член од стручниот штаб што си заминува од Автокоманда. Откако се пласираше во групната фаза од Лига Европа поради неисплатени плати замина и Зоран Кастратовиќ.
Пролет ќе добие надежен и пред се едуциран тренер кој ќе му помага на Никола Матлиески, а воедно за очекување Лембанов е да добие можност за работа и со младите категории.