Ракометарите на Пролет имаа сигурно издание во 5. коло од плеј-аутот во Супер лигата и на гостувањето кај Скопје остварија лесна и убедлива победа од 25:35 со која се зацврсти на првата позиција на табелта.
Гостите го имаа почетното водство, отворија со 1:3, но Скопје не дозволи рано противникот да се одлепи и брзо израмни. Сепак во финишот од првото полувреме Пролет направи серија од седум гола и на пауза замина со 11:15.
Во вториот дел доминацијата на гостите беше уште поизраена, Џонов, Димов и Пејовиќ беа ефикасни и го полнеа голот на Скопје. До крајот на натпреварот домашниот тим немаше сили за ново враќање во натпреварот и претрпе висок пораз.
Најефикасни во екипата на Скопје беа Марио Мишевски и Александар Василевски со по пет гола, а по четири постигнаа Пешевски и Киселовски. Во тимот на Пролет прв стрелец беше Давор Палевски со седум погодоци.