Ракометарите на Пролет дојдоа до победа од 30:23 на гостувањето во Струга и со овие три бода го заверија третото место на табелата во плеј-офот од Супер машката лига.
Од почетокот на средбата беше јасно сè така што немаше многу дилеми околу победникот и непознаница беше само прашањето колку ќе биде разликата на крајот од средбата.
Пролет постојано беше во водство и ја зголемуваше предноста која достигна до пет гола на крајот од првиот дел кога резултатот беше 16:11.
Второто полувреме беше решено без да има потреба од дополнително форсирање. Составот на Пролет имаше контрола и успеа да стигне до до предност од седум погодоци за да има седум гола плус на крајот за конечни 30:23.
Со овие три бода Пролет се врати на 3. место и финишираше веднаш зад тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА