Пролет „ги реши“ битолчани за десет минути

На Пролет му требаа само десет минут во првото полувреме да направи пресврт, а потоа и предност против Еурофарм Пелистер 2 кој се покажа како репавачка во триумфот на скопјани од 28-22 (14-11) во второто коло од Б групата на македонската Супер лига.
“Зелените“ од Скопје ја остварија втората победа во новата сезона, а за Еурофарм Пелистер ова е прв пораз во првенството. Сега на табелата Пролет има максимални шет бодови, а вториот тим на Еурофарм Пелистер остана на трите бода што ги освои во првото коло.

Лошиот период од десет минути од 13 до 23 минута кога Еурофарм Пелистер 2 не успеа да постигне ниту еден гол беше решавачки за исходот во првото полувреме. Гостите од Битола први поведоа со „плус 2“ за 7-5 од пенал. Но, Пролет не само што брзо израмни туку и поведе со 8-7 во 18 минута. Причина тренерот Александар Јовиќ да побара една минута одмор и да се обиде да подели некој совет.

Но, тоа не вроди со плод, и домашните ракометари продолжија да ја полнат мрежата на битолчани и со серија од 3-0 првпат стигнаа до највисоките 11-7 во 21 минута. Пролет играше лесно и со сигурна реализација, а гостите сакаа повеќе да комбинираат, ама и повеќе да грешат. Тоа беше казнето со голови во нивната мрежа. Во 25 минута Пролет првпат поведува со „плус 5“ за водство 13-8. Рутински до доиграа првиот дел каде само му дозволија на противникот да намали на 14-11.

Само што почна второто полувреме Пролет повторно тргна како фурија, и брзо реализираше неколку напади. Тоа им овозможи лесно водство од 18-11 во 34 минута што дотогаш беше највисоката предност за домашните. Предноста потоа се зголеми на 19-12 како најава дека ова можеби е период кога се решава побендикот. Но, битолчани не се предаваа и по 17 игра во второто полувреме се приближија на само „минус три“ 18-21, со надеж дека имаат и време и игра да се вратат во борбата за бодовите.

При резултат 22-19 за Пролет, гостите освоија една топка на својата половина и сакаа веднаш да реализираат, но таа топка не стигна до празната мрежа на домашните. Потоа имаа уште еднаш напад да се вратат сериозно во игра, ама и тоа не беше реализиран. Кога ги промашија тие шанси, Пролет преку Мартин Димов погоди за 23-19 на осум минути до крај на средбата. И повторно по две не реализирани акции, Давор Палевски од контра зголемува на 24-19. Тоа беше повод Александар Јовиќ да го искористи правото на тајмаут во 54 минута со надеже дека се уште има време за пресврт.

Наместо пресврт ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 примија гол преку Џонов, а потоа и имаа техничка грешка. Времето брзо минуваше а разликата остануваше 5 гола што им одеше во прилог на домаќините. Во 57 минута резултатот беше 25-20 за Пролет, па иако имаше уште време за играње по голот на Палевски и одличната парада на Петковски следуваше брза контара на Палевски кој реализираше за водство 27-20. Веќе можеа домашните да слават нова победа.

До крајот лесни голови на двете страни за краен резултат од 28-22.

Кај домашните најпрецизен беа Мартин Димов и Иван Џонов, двајцата со по 5 гола. По четири голови постигнаа Александар Василевски, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски и Давор Палевски.
Кај Еурофарм Пелистер 2, најмногу голови постигнаа Петар Атанасиевиќ и Ненад Белистојановски, по четири, а по три дадоа Дејан Кукуловски, Павле Петровиќ и Филип Арсеновски.

Во следното коло Пролет гостува кај Радовиш, а во Битола се игра “братското дерби“ меѓу двете екипи на Еурофарм Пелистер.