Голманот на Пролет, Петар Ангелов е надвор од тренажен процес, а покрај тоа што има повреда тој е позитивен и на Ковид 19.
Ова беше информација која денеска ја сподели и клубот за кој Ангелов настапува. Пролет информира дека Ангелов не тренирал во последните неколку денови поради болки во коленото, но дека штом се појавиле првите симптоми на Ковид 19.
Тестот бил позитивен, а тренинзите биле прекинати така што до колективното тестирање на сите членови на Пролет на почетокот на следната недела нема да бидат извршувани обврските и нема да се тренира.
Досега Пролет беше на списокот на клубови каде нема заразени ракометари од коронавирусот. Воедно ова отвора нова неизвесност за стартот на продолжението на сезоната кое е закажано за крајот на следната седмица.