Екипата на Пролет имаше успешен старт на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата. Во натпревар од 17. коло на домашен терен во салата „Македонско сонце“ Пролет ја совлада екипата на Струга со 30:22.
Во првото полувреме гостинската екипа беше рамноправен противник. Најчесто се играше гол за гол и ниту еден тим не успеваше да стигне до повисоко водство. Во 6. минута Пролет имаше 4:2 но Струга веднаш израмни.
Се играше максимално израмнето во продолжение, екипите го менуваа водството но тоа беше само од по еден гол на двете страни. После одграни 30 минути нитуе еден тим не успеа да обезбеди предност, па на паузата беше 13:13.
Второто полувреме донесе подобра игра на домашниот тим и Пролет веднаш започна да создава предност. Веќе во првите десетина минути домшниот тим стигна до највисоки четири гола, 21:17. Гостинскиот тим не успеа да се врати во натпреварот од оваа негатива.
До крајот на натпреварот Пролет без поголеми проблеми одигра рутински и забележа сигурна победа. Натпреварот заврши порано за играчот на Струга Петар Маркоски кој заради три искучувања доби црвен картон. Најефикасни во тимот на Пролет беа Иван Џонов и Жарко Пејовиќ со по шест гола. Во тимот на Струга прв стрелец беше Бајрактаревиќ со седум гола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА