Се зголемува бројот на тренери и ракометари кои се наоѓаат во самоизолација заради позитивни тестови на коронавирус.
Тренерот на турската екипа Кастамону, Хеле Томсен ги поминува деновите во својот стан откако имаше позитивни резултати на коронавирус. Таа за данскиот sport.tv2.dk зборуваше колку и е тешко и досадно.
„Проклето досадно ми е во станот, не ми дозволуваат да излегувам никаде, ми доставуваат храна до врата. Но, се разбира, во оваа ситуација нема потреба да се жалам. Некои луѓе се навистина сериозно болни од коронавирус. Размислувам многу за нив. Добро е што нашиот натпревар одеше на телевизија. За прв пат како тренер, не учествував директно на натпреварот но, како да бев таму. Бев многу загрижена, иако натпреварот беше лесен за нас. Седев со еден куп хартии и тактичка табла пред телевизорот, за време на паузата им предложив нешто на моите ракометари“, рече Хеле Томсен.
Иако Томсен не беше во салата на натпреварот, го водеше својот тим од својот стан сепак лесно триумфираа против Аксарај со 46:17.