Проектил од десет метри на Паниќ во последната секунда (ВИДЕО)

Босанскиот интернационалец Марко Паниќ кој го од Мешков Брест премина во Монпелје имаше фантастична завршница во првиот натпревар во француското првенство. Монпелје имаше многу проблеми на отварањето на сезоната, на домашен терен против Сен Рафаел одигра нерешено 29:29 со гол во последната секунда. Гостите беа на чекор до триумф но засилувањето на десната бековска позиција Паниќ со проектил од десет метри шутираше неодбранливо за еден бод во првото коло. Голот може да го погледнете во видеото.