Откако пред два месеци ја доби довербата од Светската ракометна федерација, со доделување на Светското првенство за кадетки во 2024 година, Ракометната федерација на Македонија доби уште една организација на натпреварувањ.
ЕХФ ги додели организациите за Европските првенства и ЕХФ шампионатите во 2021 година во кадетска и младинска женска конкуренција, а РФМ ќе биде домаќин на ЕХФ шампионат за младинки следната година.
ЕХФ шампионатот за кадети што требаше да се одржи во август оваа година е презакажан за јануари догодина, а конкретните датуми ќе бидат познати на следниот состанок на Извршниот комитет на ЕХФ.