Праксата што беше актуелна за време на натпреварите во групната фаза во регионалната СЕХА лига, очигледно продолжува и во елиминациските натпревари, односно во осминафиналето.
И ако може да се има разбирање за клубовите што играат во исто време и во Лигата на шампионите, тогаш како треба да се коментира потегот на рускиот вицепрвак Спартак Москва, кој нема такви обврски, а ќе игра со младински тим.
Рускиот тим загуби на првиот натпревар од осминафиналето со словачкиот Татран Прешов со 23-31 на домашен терен, па свесни дека немаат шанси за следна фаза, луѓето од раководството одлучиле реваншот да го играат со младински состав, иако првиот состав нема обврски во Европа.
Ако СЕХА дуелите веќе не се во втор, туку во трет план, тогаш раководството на оваа лига треба сериозно да размисли кои екипи го заслужуваат своето место.
СЕХА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕ
РЕВАНШ СРЕДБИ
САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ
18:00ч
ТАТРАН ПРЕШОВ – СПАРТАК МОСКВА
Резултат од првата средба: 31:23 за Татран Прешов
ВТОРНИК, 11 ФЕВРУАРИ
17:15ч
ВОЈВОДИНА – МЕТАЛОПЛАСТИКА
Резултат од првата средба: 25:24 за Војводина
СРЕДА, 12 ФЕВРУАРИ
20:15ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НЕКСЕ
Резултат од првата средба: 23:20 за Нексе.
ПОНЕДЕЛНИК, 2 МАРТ
17:15ч
ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ – МЕШКОВ БРЕСТ
ВТОРНИК, 3 МАРТ
17:15ч
МЕШКОВ БРЕСТ – ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ