Продадени повеќе од 100.000 билети за ЕП 2024 година!

Од германската ракометна федерација објави дека се продадени повеќе од 100.000 билети за натпреварите од претстојното ЕП 2024 година.

Тоа е повеќе од 25% од вкупното количевство на билети на континенталниот собир, а организаторите очекуваат по ждрепката за групите да биде продаден и остатокот на билетите.

Составот на групите ќе биде познат на 10 мај, кога ќе биде извршена ждрепката по крајот на квалификациите.

Германската федерација објави и дека за премиерниот меч на стадионот во Диселдорф се продадени повеќе од 40.000 билети.

Македонија е пласирана на ЕП, но тој пласман треба да го потврди со победи на последните две средби против Луксембург и Турција.