Капитенот на женската македонска репрезентација, Елена Ѓорѓиевска, само што се врати на терените по една повреда и почна да влегува во форма, заработи нова.
Сега станува збор за повредата на рамото, која бара мирување и неизвесен е нејзиниот настап на ЕП.
Покрај Ѓорѓиевска, уште еден леворак играч во нашата селекција има повреда на стопалото, а тоа е Теодора Дукоска.
„Дијагнозата не е охрабрувачка, треба да чекаме две недели за да се направи магнетна резонанца, но се работи за тешка повреда. Ќе чекаме да видиме, можеби ако е изводливо да се приклучи со голема радост ќе го прифатиме тоа. Дукоска обнови стара повреда на стопалото и има мала скршеница. Ние повикавме други ракометарки и ќе се прилагодиме на тоа. Но ќе ни биде тешко ако тие две не можат да настапат“, изјави Савевски.
Македонија е во група со Франција, Холандија и Романија на Европското првенство што ќе се игра во Скопје, Целје, Љубљана и Подгорица.