Пред решавачкиот натпревар со Шпанија за првото место во групата 1 од главната рунда на Европското првенство, селекцијата на Хрватска би можела да остане без еден од главните играчи.
Ракометарот на Барселона го пропушти последниот натпревар против Чешка, а би можел и подолго време да биде во аут.
“Тој чувствуваше болка во листот, а има и лесна дисторзија на зглобот. Веројатно ќе биде подготвен за полуфиналето во Стокхолм, но останува прашање дали ќе игра против Шпанија”, велат од хрватската репрезентација.
Хрватска за два дена во Виена ја чека последниот дуел од главната рунда против Шпанија, кој ќе одлучува за првото место, а в четврток веќе ќе патуваат за Шведска, каде в петок ќе играат полуфинален дуел.