Откакто екипите на Тулуз и Екс ан Прованс пријавија дека имаат играчи кои се позитивни на коронавирусот, уште еден клуб ги има истите проблеми.
На својот веб сајт претседателот на клубот Иври објави соопштение во кое потврдува дека на последното тестирање на ракометарите, пет од нив имале позитивен тест на коронавирус.
Ракометарите кои имаат Ковид-19 веднаш се ставени во карантин на две седмици. Исто така раководството одлучи да ги прекине тренинзите на екипата во наредните седум дена.
Продолжувањето на тренинзите ќе зависи од резултатите на новото тестирање. Сите позитини ракометари пред приклучување на тимот ќе мораат да бидат дополнително тестирани и да имаат негативен тест.
Главна цел на Иври во нареднате сезона е обезбедување опстанок во првата лига на Франција, но уште пред почетокот на натпреварите се соочуваат со големи проблеми.