Проблеми за Рајн Некар: Јеспер Нилсен на пауза до ноември

Репрезентативецот на Шведска, кој е член на екипата на Рајн Некар, Јеспер Нилсен мораше на операција на операџија на десното рамо, а поради тоа ќе мора да биде надвор во следните шест месеци.

Ова значи дека пвотот кој има 30 години ќе мора да паузира најмалку до крајот на октомври, па се очекува на терените да се врати некаде во овој дел од годината или почетокот на ноември.

Одлуката за операција беше донесена после откажувањето на сезоната во Бундес лигата. Инаку, повредата ја доби на последното Европско првенство, кога напукна тетивната, но дури сега е операиран.

„Се надеваме дека Јеспер наскоро ќе го видиме на терен. Прекинот на првенството ќе го искористиме за негово брзо заздравување“, изјави спортскиот директор на „лавовите“, Оливер Рогиш.

Тој дојде во редовите на Рајн Некар во2018 година, а пристигна од тимот на ПСЖ.