Селекторот на Романија, Чави Пасквал, има голем проблем пред стартот на подготовките за бараж двомечот со Македонија.
Тој остана без услугите на десниот бек Демис Григорас, кој заработи повреда на натпреварот меѓу неговата Бенфика и францускиот Нант во Лигата на Европа.
Григорас има повреда на задната ложа, па од лекарскиот тим на Бенфика најавија пауза од три до четири недели.
Тоа значи дека десниот бек е загубен за двомечот со Македонија, па Пасквал ќе мора да се потпре на услугите на Кристијан Гита од Потаиса Турда, освен ако во меѓувреме не повика некој друг десен бек.
Григорас е еден од најдобрите стрелци во португалскиот клуб оваа сезона и даде 41 погодок во Лигата на Европа.