Еден од кандидатите за титулата во Лигата на шампионите во новата сезона, Кил во лош момент остана без еден од најискусните ракометари.
Десното крило од Шведска, Никлас Екберг мораше на операција откако заработи скршеница на прст на десната рака. Поради ова ќе мора да биде надвор од терените од шест до осум недели.
Ваквата информација не е најдобра бидејќи ова значи дека ќе го нема до крајот на септември, а според тоа ќе го нема на дел од средбите од Лигата на шампионите и сигурно ќе недостига.