Европската ракометна федерација објави алтернативни датуми за главните настани во ракометната Лига на шампиони во машка и женска конкуренција и ЕХФ купот, поради проблемите кои ги направи коронавирусот низ Европа.
Во сите спортови поради вирусот кој се шири премногу брзо се воведени итни мерки, а како превенција настаните се одржуваат без публика, или во целост се откажуваат.
ЕХФ излезе со алтернативни датуми за трите завршни турнири во машката и женската Лига на шампионите, како и ЕХФ Купот. Ако ситуацијата не се подобри, Ф4-турнирот во Келн во машката Лига на шампиони би можел да се игра на 22/23 август, наместо на 30/31 мај.
Во ЕХФ Купот моментално турнирот е закажан на 23/24 мај, а алтернативната дата е 30/31 август во Берлин. Во женската Лига на шампиони, пак, чиј Ф4-турнир е на 8/9 мај, заменска дата е 5/6 септември.