Ракометарот на Еурофарм Работник, Невен Стјепановиќ нема да може да му помогне на својот тим до крајот на сезоната. За него оваа натпреварувачка 2019/2020 е завршена поради повреда на коленото, поради што ќе мора да биде опериран.
Стјепановиќ има скинати предни вкрстени лигаменти и поради нив ќе мора после хируршката интервенција да биде на долга пауза и долго заздравување. Ваква повреда бара сериозен третман за да може да се заздрави целосно, а тоа значи дека можна е пауза и од околу една година.
Доколку се потврдат овие информации и од докторите после операцијата тоа значи дека не само што нема да може да помогне на својот тим до крајот на оваа сезона туку ќе го нема и на почетокот на следната сезона. Вака долга пауза имаше и Мартин Велковски, кој пред скоро време се врати на терените после година дена паузирање.
Инаку, на десен бек во тимот на Еурофарм Работник остануваат Велковски и Петровски, па засега веројатно тие ќе го пополнуваат ова место.