Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, остана без важен играч во ротацијата пред стартот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.
Станува збор за ракометарот на Фуксе Берлин, десниот бек Фабијан Виде, кој заработи повреда на рамото, која е неопходно да се санира со операција.
Времето на пауза не е познато, но со оглед на тоа што операцијата е закажана за 30 декември, нема да има време за да закрепне пред ЕП.
Германија ќе игра во норвешкиот Трондхајм, во групата Ц, заедно со селекциите на Шпанија, Летонија и Холандија.