Еден од најдобрите ракометари на екипата на Монпелје, кој важи и за еден од ракометарите пред кои е убава иднина, Мелвин Ричардсон ќе мора да паузира во следните два месеци.
Ричардсон се повреди за време на натпреварот со Шартр и скрши прст на десната рака, која му е шутерска. Информациите говорат дека ќе мора да оди на операција за да ја санира повредата. Тоа значи и пауза, а за ваков тип на повреда мора да се паузира околу два месеци.
Ова значи дека Монпелје ќе се соочи со проблеми во следниот период, а покрај тоа што ќе го нема на неколку важни натпревари во најсилната лига на Франција ќе го нема и за средбите од Лигата на шампионите така што ќе пропушти многу важни дуели од групната фаза со оглед на тоа што ќе може да се врати дури на крајот од ноември или почетокот на декември.