Екипата од Швајцарија, Сент Гален се наоѓа во тешка ситуација и поради тоа раководството на клубот размислува за повлекување од натпреврите во европските купови.
Овој клуб е дел од ЕХФ Купот, кој е наследник на Челенџ купот. Натпреварите треба да се играат во ноември, но во тимот од Швајцарија има проблеми со коронавирусот.
Сент Гален за противник го има Зубри од Чешка, но актуелната ситуација си го стори своето односно го стави клубот во тешка ситуација.
Од клубот веќе го информирале ЕХФ дека нема да учествуваат во 2. коло од ЕХФ Купот, па ова му отвора простор на тимот од Чешка за да се пласира во следната рунда.
Претходно од натпреварите во 2. коло се откажаа финскиот тим ХИФК Хелсинки и исландскиот Афтурелдинг, па нивните ривали Тенакс Добеле од Летонија и Гранитас Карис од Литванија веќе се официјално патници во следната рунда.