Машката ракометна репрезентација на Македонија подготовките за квалификацискиот натпревар против Луксембург ќе ги продолжи во комплетен состав.
Голманот Никола Митревски и кружниот напаѓач Костадин Петров, кои поради клупски обврски не присуствуваа на првиот собир, им се придружија на своите репрезентативни колеги.
Како што е веќе познато, еден од поискусните во македонската репрезентација, левото крило Дејан Манасков нема да настапи на првиот квалификациски дуел поради повреда, па така селекторот Кире Лазаров нема други проблеми во ростерот.
Македонија освен со Луксембург за пласман на ЕП 2024 ќе игра и против репрезентациите на Турција и Португалија.
Првиот натпревар Македонија го игра дома на 12 октомври од 19:00 часот против Луксембург, додека вториот е против Турција на гостински терен на 16 октомври од 16:00 часот.