ПРИЛЕП 2023: Победнички старт за домаќинот, Пролет подобар од Еурофарм Пелистер 2

Денеска стартуваше осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ со четири натпревари.

Домаќинот Прилеп забележа победа над тимот на Струга со 29-24, а таа беше најавена уште по првиот дел, кога избраниците на Божидар Мојсов водеа со 17-10.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Никола Цветаноски со седум и Владан Кастратовиќ со пет гола, додека кај стружани се истакнаа Тодор Јанкуловски со осум и Јовица Младеновски со седум погодоци.

Тимот на Пролет исто така имаше победнички старт, откако неочекувано лесно дојде до триумф над Еурофарм Пелистер 2 во меч со малку голови, 22-12, откако на паузата беше 10-5 за момците на Алексо Лембанов.

Кај Пролет се истакнаа Александар Василевски со шест и Мартин Димов со четири погодоци, додека кај битолчани три гола даде Мирче Калајџиески.

Скопје загуби убедливо од српскиот тим Дубочица Лесковац со 12 гола разлика, 36-24, додека во последниот натпревар, додека Кокс загуби од Мулти Есенс со 29-26.

Меморијален турнир „Миле Нешкоски“, 1 коло:

Прилеп – Струга 27-23
Скопје – Дубочица Лесковац 24-36
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 12-22
Кокс – Мулти Есенс 26-29

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.