ПРИЛЕП 2023: Дубочица со втор трофеј во низа, Прилеп го освои третото место

Денеска заврши осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, а победникот е српскиот тим Дубочица Лесковац.

Избраниците на Ѓорѓе Теодоровиќ во финалето го совладаа новиот суперлигаш Мулти Есенс со убедливи 30-21.

Победата на српскиот тим беше најавена уште по првиот дел, кога беше надигран тимот од Автокоманда со плус осум, 18-10.

Третото место го освои домаќинот Прилеп со триумфот над Еурофарм Пелистер 2 со 29-24. Одлична партија имаше голманот Иван Ангелески со 19 одбрани, Леван Имнадзе даде шест гола, додека капитенот Филип Велески постигна пет погодоци.

Петтото место е за финскиот Кокс, откако славеше против Струга со 25-22, седмото место е за тимот на Пролет кој славеше со четири гола против составот на Скопје со 27-23.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.