ПРИЛЕП 2023: Домаќинот ќе се бори за третото место, Еурофарм Пелистер 2 со одлична партија го победи Кокс

Денеска се одиграа натпреварите од третото и последно коло на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Домаќинот Прилеп загуби од српската Дубочица Лесковац со 34-18, а победата беше најавена уште по првиот дел кога гостите водеа со 19-9. Најдобри кај прилепчани беа Цветаноски и Имнадзе со по четири погодоци.

Еурофарм Пелистер 2 одигра одличен натпревар и го победи финскиот Кокс со 32-28, откако и на паузата водеа момците на Михаил Петровски со 16-15. Седум гола даде Калајџиески, додека по пет постигнаа Ристевски, Трпчевски и Ивановски.

Пролет загуби од новиот суперлигаш Мулти Есенс со 29-25, додека Струга беше подобра од Скопје со 29-22.

Меморијален турнир „Миле Нешкоски“, резултати, трето коло:

Прилеп – Дубочица 18-34
Скопје – Струга 22-29
Кокс – Еурофарм Пелистер 2 28-32
Пролет – Мулти Есенс 25-29

Утре во борбата за седмо место ќе играат Скопје и Пролет, Струга ќе се бори за петто место против финскиот Кокс, за бронза ќе играат Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, додека за злато ќе се борат Мулти Есенс и Дубочица Лесковац.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.