Се одиграа натпреварите од второто коло од групната фаза на осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Домаќинот Прилеп ја забележа втората победа, откако по триумфот над Струга, славеше и над Скопје со 26-20, а најдобри стрелци беа Никола Цветаноски со осум и Леван Имнадзе со шест погодоци.
Втора победа на турнирот оствари и српскиот тим Дубочица Лесковац, кој беше убедлив против Струга, 35-21.
Прилеп против српскиот тим ќе се бори за првото место во утрешниот натпревар, додека Струга и Скопје ќе играат да го избегнат последното место во групата.
Во другата група, Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс одиграа возбудлив натпревар, кој заврши реми, 34-34, додека финскиот Кокс славеше против Пролет со 29-26.
Меморијален турнир „Миле Нешкоски“, резултати, второ коло:
Дубочица Лесковац – Струга 35-21
Прилеп – Скопје 26-20
Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 34-34
Пролет – Кокс 26-29
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.