Прилеп ќе „лета“ на домашен погон

Новиот суперлигаш Прилеп продолжува со склопување на играчкиот мозаик во пресрет на следната сезона.

Тимот кој ќе биде предводен од Горан Кузманоски, се обезбеди на крилните позиции, откако потпиша договор со двајца ракометари што веќе го носеа дресот на Прилеп.

Станува збор за левото крило Христи Бикоски, кој лани се врати во родниот град, а претходно беше дел од Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода, како и десното крило Алија Амзоски, кој исто така порано го носеше дресот на Вардар 2.

Претходно Прилеп се засили со грузискиот голман Зура Цинцадзе и десното крило Реваз Чантурија, како и со пикерот Сашко Манчески, кој доаѓа од тимот на Макалоски.