Ракометарите на Прилеп забележаа важна победа во битката за опстанокот во суперлигашкото друштво, откако славеа над директниот конкурент Младост Богданци со убедливи 29-23.
Нерешено беше само на стартот, 1-1, а потоа се беше во знакот на прилепчани. Поведоа со 4-1, па 7-3, а до крајот на полувремето обезбедија солидна залиха од шест погодоци, 16-10.
Во второто полувреме, Младост кој играше без првиот стрелец Мите Караиванов, не успеа да се закани и да го направи натпреварот поинтересен до самиот крај.
Во два наврати намалија гостите на минус четири, 26-22, но немаше време за нешто повеќе, а крилата Чантурија и Бикоски со брзите погодоци ставија точка на натпреварот. Во последните секунди поради груб фаул, левото крило на Младост, Илија Динов, доби црвен картон.