Ракометарите на Прилеп го совладаа ГРК Тиквеш на свој терен со 32:28 и му се придружија во обезбедувањето опстанок во Супер машката лига така што двете екипи се веќе сигурни и за следната сезона во најсилната лига.
Во интересен натпревар со две различни полувремиња тимот на Прилеп беше убедливо подобар во вториот дел од средбата.
Од почетокот на натпреварот имаше интересен дуел во кој и двете екипи имаа што да покажат на теренот. Одработија интересна средба така што се надигруваа 30 минути. Немаше поголема предност ниту на едната ниту на другата страна така што на одмор се замина со 12:12.
Почетокот на второто полувреме беше за гостите, но потоа за само неколку минути екипата на Прилеп дојде до 18:15 и овие три гола ги одржуваше без поголем проблем. Во финишот дури можеше да се одигра мирно и да се финишира овој дуел со победа од 32:28 со што беше потврден опстанокот во Супер лигата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА