Ракометарите на Металург продолжуваат со добрите игри во Супер лигата, на последниот дуел остварија лесна победа на домашен терен против составот на Прилеп со 38:24.
Металург беше фаворит пред овој натпревар и во целост ја оправда улогата. Само почетокот на мечот беше израмнет, а потоа домашниот тим го контролираше натпреварот и без многу мака освои нови бодови.
Прилеп добро се држеше до резултат 5:5, следуваше добар период на Металург за водство од 10:7. Гостите усепаја да намалат на минус еден, 11:10, но до крајот на првите 30 минути Металург обезбеди предност од 20:15.
Во второто полувреме разликата во квалитет дојде до израз, а тимот од Автокоманда многу брзо стигна до двоцифрена предност. До крајот на натпреварот разликата само се зголемуваше и достигна многу високи 14 гола.
Најефикасен во составот на Металург беше Мартин Серафимов со шест гола, а Милан Лазаревски и Златко Хорват постигнаа по пет погодоци. Во госинската екипа Гавашелишвили со шест гола беше прв стрелец, додека по четири постигнаа Чантурија, Шокоски и Бикоски.