Амбициозната екипа на Прилеп во новата сезона ќе има подновен состав, со кој ќе атакува на добар пласман во суперлигашката конкуренција.
Покрај ангажирањето на неколку домашни и странски засилувања, раководството на клубот во своите редови врати свои двајца играчи.
Станува збор за талентираните Јован Соколоски и Михаил Ангелески, кои во својот матичен клуб се вратија од Еурофарм Пелистер.
Во битолскиот тим настапуваа за младинските категории и во новата сезона со настапите во Супер лигата ќе имаат можност да стекнат големо искуство и да го кренат нивото на својата игра.
Прилеп за новата сезона се засили и со Владан Кастратовиќ, Драган Јелушиќ, Пеце Рајатовски, Давид Ацевски, Томче Трајчевски и Никола Цветаноски.
Ракометарите на новиот тренер Божидар Мојсов во Супер лигата ќе играат во групата Б заедно со екипите на Пролет, Вардар, Мулти Есенс, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Вардар Неготино.
Мојсов тргна со новиот предизвик, Прилеп означи старт на подготовките