Изминатиот викенд беше на програмата четвртото коло од младинска лига во машка конкуренција.
Во групата Б, составот на Бутел Скопје остана на максимум (четири од четири), откако славеше минимално во драматичен натпревар над Јуниор КВ со 23-24, додека исто така Борец Велес со еден гол прослави триумф во Автокоманда против Металург РА со 34-35.
Енхалон изненадувачки го победи Охрид, а во битолскиот двобој триумф славеше Еурофарм Пелистер 2.
Тиквеш во Кавадарци пропушти победа над Партизан Гевгелија иако водеше со два гола во последната минута, додека Прилеп остана на максимум (четири од четири) по лесниот триумф во Богданци.
Младинци, 4. коло, резултати:
Група Б
Металург – Голден Арт одл.
Јуниор КВ – Бутел Скопје 23-24
Металург РА – Борец 34-35
Група В
Енхалон – Охрид 34-32
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 27-35
Струга слоб.
Група Г
Тиквеш – Партизан Гевгелија 32-32
Радовиш – Прилеп 22-36
Младост Богданци слоб.