Ракометарите на Прилеп ја забележаа деветтата победа во 12 натпревар од групата 1 во Првата лига и се многу блиску до место во плеј-офот.
Избраниците на Адријано Котевски немаа поголеми проблеми и славеа против Македонија Ѓорче Петров со 34-25, а и на полувреме водеа со 17-12.
Гостите парираа само во првите десетина минути, кога беше 5-4, потоа домаќинот почна да ја прави разликата и до крајот на мечот немаше голема неизвесност.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Пајкоски со девет и Стефан Трајкоски со седум погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакнаа Мартин Димовски со осум и Александар Ѓорѓевски со шест голови.
Прилеп има 29 бодови на првата позиција, пред Астраион со 27 но и два меча помалку, додека Македонија ЃП остана на 19 бодови и се уште има шанси да обезбеди место во плеј-офот.