Откако беше решено тренерското прашање со ангажманот на Реваз Чантурија, раководството на Прилеп полека го составува и играчкиот мозаик пред стартот на сезоната.
Левото крило Христи Бикоски ја продолжи соработката за уште една сезона, која за него ќе биде четврта во овој тим.
Прилепчанецот претходно играше во скопските тимови Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода, пред да се врати во родниот град.
Од Прилеп заминаа Даниел Андоновски, Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Марко Трајковски и Владимир Трајкоски.
Прилеп во новата сезона ќе игра во групата А од Суперлигата заедно со Вардар, Куманово, Вардар Неготино, Охрид, Струга, Алкалоид и Бутел Скопје.