Прилепчани продолжуваат со одличните игри во Првата машка лига во Групата 1, каде што дојдоа до нов триумф, овој пат на домашен терен против составот на Куманово со 36:30.
Прилеп го реши победникот уште во првото полувреме кога водеше со шест гола разлика. Предноста беше направена во завршните минути пред заминувањето на одмор и во овој период кумановци го загубија здивот. Гостите беа одлични на почетокот, но потоа веќе не можеа да следат.
После 13:12 во последните минути од првото полувреме Прилеп со 5:0 си обезбеди сигурни плус шест за на пауза.
На почетокот на второто полувреме домашните стигнаа и до плус десет гола и рано успеаја да го решат победникот на оваа пресметка. Тоа овозможи во последните минути од средбата да се одигра смирено и без поголеми проблеми да се дојде до победа.
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 36:30 (18:12)
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
ПРИЛЕП: Ивчевски, Ангелески, Христоски, Дукоски 3, Вренцоски, Пајкоски 12, Бикоски 9, Трајкоски 1, Христоски, Попов 5, Бурчески, Конески, Карафилоски, Јанески 6, Дебрешлиоски.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 10 мин.
КУМАНОВО: Кимевски, Божиновски, Кузмановски 4, Цветковски 3, Петрушевски, Ацевски, Стошиќ 4, Стојковски 1, Стојмановски, Миладиновски 4, Тасевски8, Спасиќ 6.
Седмерци: 4/6, Исклучувања: 16 мин.