Ракометарите на Прилеп дојдоа до победа од 37:33 на гостувањето кај Младост во Богданци со што останаа во трка за опстанок и во последното коло против ГРК Тиквеш ќе имаат задача да го потврдат директниот опстанок меѓу тимовите кои и следната година ќе играат во Супер лигата.
Од почетокот на средбата Прилеп беше во предност и имаше водство кое постојано се зголемуваше. Имаше 6:0 и овие шест гола разлика дадоа можност да се одигра мирно и постојано да се биде во предност.
Со контрола на резултатот и игра во која постојано се имаше предност ракометарите на Прилеп лесно дојдоа до позитива од 21:12 на одмор и тука го решија победникот.
Вториот дел беше одигран далеку поопуштено и тоа отвори шанса за Младост да го ублажи поразот. Иако домашните намалија не можеа повеќе од негатива од четири гола така што на крајот бодовите беа за Прилеп после победата од 37:33 и на свој терен во последното коло прилепчани ќе се борат и за првото место во плеј-аутот од Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА