Ракометарите на Прилеп во последното коло од суперлигашкиот плеј-аут, полесно од очекуваното дојдоа до победа против Голден Арт со 31:25.
Двете екипи обезбедија опстанок во македонската елита, така што денешниот дуел во Прилеп немаше никакво резултатско значење.
Прилеп победата ја обезбеди уште во првото полувреме, во кое имаше комотна разлика и на пауза замина со осум гола позитива, 18:10.
Избраниците на Глигоров немаа сили да се надигруваат ниту во вториот дел, дополнителен проблем беше црвениот картон за кружниот напаѓач Даев (40-та минута), па така домаќините лесно стигнуваа до погодоци и одржувва висока предност.
Во финишот дојде до опуштање во редовите на домашниот табор, кој по предноста од од 28:20 дозволи гостите од Скопје да се изборат за поблаг пораз.
Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Уча Гамзардија, Антонио Бурчески и Мириани Гавашелишвил. Кај Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов со седум погодоци.