Екипата на Прилеп од гостувањето во Неготино си замина со три бода откако успеа да го надигра противникот и да го совлада со 32:29 откако имаше предност и на крајот од првото полувреме.
Прилеп имаше подобар старт на средбата и успеа да наметне свое темпо при што постојано беше во предност. Разликата се движеше меѓу 2 и 4 гола во поголемиот дел од првото полувреме, но во финишот на истото домашните успеаја да фатат приклучок и на одмор да заминат со гол негатива.
Откако Прилеп водеше со 17:16 на паузата на почетокот на вториот дел неготинци почнаа посилно и беа во водство со 18:17 и 19:18. Сепак, ова беше само старт на второто полувреме во кое ракометарите на Прилеп на моменти имаа и плус пет, па не дозволија да имаат проблеми до крајот и го добија овој меч со што заработија нови три бода.
Тие пред неколку дена во заостанат меч ја совладаа Риниа М со 44:16, па сега се лидери во Групата 1 од Првата машка лига со 15 бода, но Астраион може да ги помине вечерва доколку го совлада Текстилец.
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП 29:32 (16:17)
Сала: „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Гледачи: 500. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
ВАРДАР НЕГОТИНО: Бор. Трпевски 3, Бој. Трпевски, Најдов, Трајковски 4, Митевски 4, Г. Ивановски, Петров, Недев, П. Ивановски, Стаменов 4, Ѓорѓев 3, Ристов 7, Јефремов, Којев, Вељанво 3, Најдов 1.
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.
ПРИЛЕП: Ивчевски, Ангелески, Христоски, Дукоски 3, Вренцоски, Пајкоски 5, Бикоски 4, Трајкоски 3, Христоски 4, Попов 7, Бурчески, Конески 3, Каранфилоски, Јанески 3, Дебрешлиоски.
Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.