Тимот на Прилеп, кој минатата сезона избори опстанок како првопласиран во плеј-аутот од Суперлигата, се подготвува за претстојните предизвици во новата сезона.
Под водство на тренерот Горан Кузманоски, прилепчани ќе ги започнат подготовките на 27 јули и истите ќе се одвиваат само во Прилеп.
Неговите избраници ќе одиграат четири пријателски средби против Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Охрид и Голден Арт, а ќе настапат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, каде што ќе имаат уште три меча.
Од тимот си заминаа Ивица Дукоски, Златко Везенковски и Даниел Андоновски, а дојдоа Христијан Милошески и Жарко Бајрактаревиќ.