Црногорскиот интернационалец Владан Кастратовиќ е новото засилување во редовите на Прилеп, кој вчера стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
25-годишниот ракометар од Црна Гора во Македонија пристигна во текот на 2021 година кога потпиша за Струга. Откако одигра една сезона во дресот на Струга, средниот бек направи трансфер во Охрид, но во вториот дел од минатата сезона настапуваше на позајмица во Куманово.
Прилеп за новата сезона го ангажираше и сонародникот на Кастратовиќ – Драган Јелушиќ, потоа Пеце Рајатовски, Давид Ацевски, Томче Трајчевски и Никола Цветаноски.
Од клубот заминаа Давор Шокоски, Никола Стојкоски, Реваз Чантурија, Мириани Гавашелишвили. Уча Гармзадија и Бојан Вренцоски.
Ракометарите на Божидар Мојсов во Супер лигата ќе играат во групата Б заедно со екипите на Пролет, Вардар, Мулти Есенс, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Вардар Неготино.
Мојсов тргна со новиот предизвик, Прилеп означи старт на подготовките