Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки, спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.
Хрватскиот репрезентативец и член на Вардар, Анте Гаџа, е прогласен за најдобар странски спортист на Град Скопје за годинава што изминува.
Традиционално и годинава Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје.
Кај мажите и жените во сениорска категорија, приматот го имаше таеквондистот Дејан Георгиевски од клубот Бутел, кој освои сребро на Олимпијадата во Токио, додека кај во младинска категорија, признание доби каратистот Стефан Стојановиќ од клубот Макпетрол.