Поранешната голманка на Вардар и репрезентативка на Русија, Ина Суслина е во трка за голман на сите времиња во тимот на Агу Адјиф каде што играше на почетокот на својата кариера.
После настапите во Ростселмаш и Кубан, Суслина од 1999 до 2001 година играше за Агу Адјиф и тоа со голем успех. Потоа во својата кариера беше дел и од Лада Тољати, Гог Свендборг, Звезда Звенигород и Ростов Дон. Она што не му успеа на времето на Кометал Ѓорче Петров му успеа на Вардар, па таа мина најмногу кај „црвено-црните“ во кариерата. За Вардар играше шест години.
Покрај Суслина во трка за најдобар голман на сите времиња во Агу Адјиф се најдоа и Викторија Калинина, Светлана Кожубекова и Наталија Тормозова, а навивачите ќе одлучат која е најдобра голманка.
Идејата на клубот е да биде одбран најдобриот тим на сите времиња и за секоја позиција ќе бидт номинирани по четири ракометарки.