Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев беше прогласен за најдобар ракометар за 2021 година од страна на Ракометниот сојуз на Србија.
Некогашниот член на Вардар игра во одлична форма на клупско и репрезентативно ниво, а добиената награда за него ќе биде голема мотивација пред самиот старт на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Милосављев со вардаровиот тим во сезона 2018/19 ја освои Лигата на шампионите. Во истата сезона доби место во Ол Стар тимот во најквалитетното натпреварување.
Ракометниот сојуз на Србија за најдобра ракометарка ја одбра голманката Јована Рисовиќ. Чуварот на мрежата на Крим во последните години е предводник на својата репрезентација и беше една од најзаслужните за пласманот на Србија во главната фаза на Светското првенство во Шпанија.