Прибак: Најголемите успеси ги имав со Вардар, Раул е човекот од кој најмногу научив

Српскиот ракометар Немања Прибак промени повеќе клубови во кариерата, а за периодот во Македонија и неговиот втор мандат во Вардар вели дека е еден од неговите најдобри и период каде што најмногу научил.

Прибак во Вардар имаше прилика да соработува со шпанскиот стратег Раул Гонзалес и со него и неговиот систем на игра го имал најголемиот напредок.

„Со Раул соработувавме две години и мислам дека комплетната филозофија на мојата игра се промени кога тој дојде во Вардар. Раул играше среден бек како и јас, никогаш не гi оптеретуваше играчите, важно е да го следиш тој систем кој тој го има. Не сум јас единствен кој го кажува ова, сите играчи кои соработувале со него го кажуваат истото. Кај него најмногу напредував во кариерата“.

Посебно импресиониран Прибак е од човечката страна на Раул, за него најважно е само тоа што тимот го покажува на теренот.

„Таа човечка страна кај Раул е посебно изразена, тој негов став и смиреност…Воопшто не е оптеретен со тоа кога се оди натпревар, какви маици треба да се носат, дали ќе одиме со автобус, дали ќе застанеме некаде…Него го интересира само тоа што го покажувате на теренот“.

Најголемите успеси во кариерата ги имаше со Вардар

„Моите најголеми успеси во кариерата се врзани за Вардар, најубаво за живеење беше во Истанбул, најсилна лига француската, а најголемите натпревари ги одиграв на европските и светските првенства“, изјави Прибак во интервју за СЕХА лигата.

Дресот на Вардар Прибак го носеше прво од 2007 до 2009 година, па повторно од 2012 до 2015 година. Во овој момент ги брани боите на српска Војводина.