Репрезентацијата на Египет требаше да се најде на контролна средба против составот на Шпанија на 13 март, но натпреварот е одложен.
Како причина се наведени епидемиолошки причини и суспензијата на првиот човек на Ракометната федерација на Египет, Хишам Наср поради непочитување на санитарните правила за време на последниот Мундијал.
Египет имаше во план еден дуел со Шпанија и три со тимови од земјата, но нема да има можност од веќе познатите причини така што останува да се види каков ќе биде епилогот.
Шпанија веќе најде замена за Египет и следната сабота ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Аргентина.