На трибините во “Теле 2 Арена” во шведската престолнина Стокхолм беше и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
Сепак се чини дека таа не им донесе среќа на избраниците на Лино Червар, бидејќи загубија од Шпанија со 22-20.
„Се чувствувам одлично, иако како што реков болна сум. Морав да дојдам да им дадам поддршка на Лино Червар и на ракометарите. Со цело срце навивав“, изјави Китаровиќ која беше во Русија на СП и ги утехи фудбалерите по освоениот сребрен медал.